Skip to main content

Sculpt&Lift

Вежби за зацврстување на телото со фокус на глутеусите
Instructor
Dterzikj
9 Students enrolled
Course details
Lectures : 14
Description

Вежби за зацврстување на телото со фокус на глутеусите

Instructor:
Dragana Terzikj

Опис и цели на програмата:
Оваа програма е осмислена да го активира и зајакне целото тело, со посебен акцент на мускулатурата на задникот (глутеусите). Преку комбинација на динамични и статички вежби се постигнува зацврстување, подигнување и оформување на телото, подобрување на издржливоста и зголемување на силата.

Од што се состои програмата?
Програмата се состои од 12 тренинзи, секој во времетраење од 30 минути.
Во секој тренинг се вклучени вежби за целото тело, но со главен фокус на задникот, нозете и јадрото (core мускулатурата).

Каде може да се изведуваат тренинзите и што е потребно за истите?
Тренинзите може да се изведуваат во домашни услови или додека патувате, потребен е мал простор каде што ќе може да поставите мат и слободно да се движите.

Потребни реквизити се:

  • 2 тегчиња (од 1.5 до 3 кг)
  • Ластик за вежбање (мал)
  • Подлога (мат постилка)
  • Лизгачки дискови (sliding discs)

Програмата е идеална за сите кои сакаат ефективен тренинг што може да се изведува во било кое време од денот.

За кого е наменета?

  • За сите кои сакаат да го зацврстат и оформат задникот и телото во целина.
  • За оние кои сакаат предизвик со среден до висок интензитет и резултати за краток временски период.
  • За лица кои немаат многу време, но сакаат ефикасен тренинг во домашни услови.

За кого не е наменета програмата?

  • За лица со повреди на колкови, колена или ‘рбет.
  • За почетници кои немаат претходно искуство со физичка активност.
    (За овие лица се препорачува консултација и изработка на персонализиран план.)

Предности и недостатоци на програмата

Предности:

  • Потребен е мал простор за изведба.
  • Може да се вежба во било кое време од денот.
  • Ефикасна комбинација на кардио и силови вежби.
  • Фокус на зацврстување и обликување на задникот и долниот дел од телото.

Недостатоци:

  • Не постои можност за корекција при неправилна изведба на вежбите.
    (Доколку почувствувате потреба од индивидуализиран пристап, постои можност за
    консултација со тренер.)

Кои се придобивките од програмата?

  • Зацврстување и оформување на задникот и нозете.
  • Подобрување на целокупната мускулна издржливост и тонус.
  • Зголемување на енергијата.
  • Подобра држење на телото и рамномерна распределба на силата.
  • Подобрување на општата физичка кондиција и квалитет на живот.

Интензитет на тренинзи:
Среден до висок интензитет.