Вежби за зајакнување на телото со фокус на стабилност на лопатки и рамен појас
Instructor: Nada Chokova
Цел на програмата
Пилатес програмата е дизајнирана за зајакнување на целото тело со фокус на стабилизација на лопатките и рамениот појас. Со внимателно одбрани вежби, во секој тренинг, се зајакнува контрола на движење, сила и баланс. Целта е тонирање на мускулите околу лопатките, рамениот појас, како и целото тело.
Опис на програмата
Програмата има 8 тренинзи, во времетраење од 30 минути. Во секој тренинг се вклучени вежби за целото тело, а фокусот останува на стабилизација и зајакнување на мускулите на рамената и јадрото.
За тренинзите
Тренинзите може да се изведуваат дома или на место по ваш избор. Се што е потребно е слободен простор и одвоено време. Потребни реквизити се мат подлога, лизгачки дискови и две тегчиња од 1.5 кг.
Оваа програма е наменета за секој што сака фокусиран пилатес тренинг што може да се изведува во време и место по сопствен избор.
За кого е програмата?
– За сите што сакаат да го зајакнат телото преку контролирано изведувани движења.
– За сите на кои им е потребен фокус на стабилизација на рамо.
– За сите што сакаат јасно структурирана програма со низок-среден интензитет.
За кого не е програмата?
– За лица со акутна болка во било кој дел од телото.
Предности на програмата
– Мал број на потребни реквизити.
– Насоченост кон стабилизација на рамо.
– Комбинација од контролирани движења за сила и стабилност.
Недостатоци на програмата
– Програмата нема можност за корекција при неправилно изведување на вежбите од страна на инструктор.
Доколку се појави потреба од индивидуален пристап, постои можност за консултација со инструктор.
Придобивки од програмата:
– Зајакнување и тонирање на мускулите околу лопатките и рамениот појас.
– Сила во торзото и горниот дел на телото.
– Подобрување на држењето на телото.
– Развивање свесност и контрола за телото.
– Леснотија во извршување на секојдневните активности.
Интензитетот на тренинзите е со почетно-средно ниво на спремност на телото.