Skip to main content

ЗА СТУДИО 60

Студио 60 е прво комплетно опремено STOTT PILATES®️студио со сите машини во сертифицираниот метод за работа со клиенти од страна на Merrithew компанијата. Во нашата палета на машини се вклучени најновите генерации на Реформери (V2Max Reformer), Кадилак (Cadillac), Столици за стабилност (Stability Chair), Барел (Ladder Barrel) вклучувајќи ги и аксесоарите кои ги прават тренинзите значително позабавни. Со ова, како и со удобниот амбиент во кој се изведуваат тренинзите, нашиот метод на работа од 2022 година за првпат ги поместува границите во Северна Македонија и допринесува до идеален концепт еднаков на познатите студиа за STOTT PILATES®️ во светот и со тоа Ви овозможува целосно уживање во секој тренинг.

МОЖНОСТИ ЗА ВЕЖБАЊЕ

И ОСТАНАТИ УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ СТУДИОТО

ТРЕНИНЗИ

Нашите тренинзи се изведуваат индивидуално, полуиндивидуално и во мини групи до 6 особи во 1 термин.
Индивидуалните тренинзи се работат на принцип еден-на-еден. Доколку си почетник препорачуваме задолжително да го поминеш часот REFORMER BASICS&POSTURAL ANALYSIS како полесно би се вклопил/а во групите или индивидуалните тренинзи.
Нашиот центар нуди и работа со лица кои се опоравуваат од одредени состојби, со претходна дозвола и препорака од доктор за работа на одредена проблематика. Во оваа услуга е вклучена и взаемна проценка од страна на физиотерапевт и синхронизирана работа на подобрување и рехабилитирање при одредена состојба од која се опоравувате (пост-оперативна активација на мускулно ткиво, етапно враќање во првобитна состојба и будење на одреден дел од телото). Овие тренинзи се индивидуални, со точно определени и изолирани вежби за работа.

Полуиндивидуалните тренинзи вклучуваат работа со две или повеќе лица во еден термин, по договор.
Мини групните тренинзи се работат во заеднички час до максимум 6 клиенти. Тренинзите се изведуваат според есенцијалните и напредни STOTT PILATES®️ вежби во нивоа за почетници, активни вежбачи и напредни вежбачи. Во овој тренинг може да се вклучи секој кој сака физички да биде активен во текот на денот.

МАСАЖИ

Мануелните третмани кои ги нудиме вклучуваат Терапевтска масажа, Спортска масажа, Релакс масажа, Антицелулитни и Мадеротерапии. Истите ги изведува физиотерапевт и по потреба се целни за одредена проблематика.