НАШИОТ ПРЕПОЗНАТЛИВ
РЕФОРМЕР ПИЛАТЕС ТРЕНИНГ
CARDIO PERFORMER
Тренинг за сила во комбинација со оптимизација на работата на кардио-васкуларниот систем. Овој тренинг се изведува на Реформер, со трамполина и во хоризонтална позиција со што се обезбедува значајно помала компресија на зглобовите на нозете. Во тренингот се вклучени и дополнителни реквизити.
НАШИОТ
СЕРТИФИЦИРАН МЕТОД ЗА ВЕЖБАЊЕ
500+
Системски вежби со вклучена
најсовремена опрема
15+
Причини да се пронајдете во
нашите тренинзи
Дополнителните ефекти од нашите тренинзи се зајакнување на мускулите околу карлицата, издолжување и учење на правилно поставување на мултифидусот во функција на држење на телото спротивно на гравитацијата, зголемена свесност при изведувањето на вежбите, подобро расположение, подобра флексибилност, зголемена енергија во текот на денот, подобар баланс, идеално држење на телото, подобра техника при изработка на вежбите, правилно дишење, активација на длабоки абдоменални мускули, како и подобар тонус на мускулното ткиво. Нашите тренинзи се изведуваат врз база на актуелните основни принципи на STOTT PILATES®️ методот, а тоа се тродимензионално дишење, поставеност на карлицата, ребрата, вратот и главата, како и поставеност и стабилност на лопатките. Во индивидуалните и семи-индивидуалните тренинзи е вклучена и модификација на вежби според прогресивен начин на тренирање.