Skip to main content

Зимата е време кога природата се повлекува во мир. Кратките денови и ниските температури често ги доживуваме како причина да го забавиме ритамот на живеење, да побараме удобност и да ја одложиме физичката активност за потоплите сезони. Токму во овој период ја имаме можноста да ги зацврстиме навиките кои го одржуваат телото и умот здрави.

Континуитетот е поважен од интензитетот

Многумина размислуваат дека за промена е потребен голем напор или интензивни тренинзи, но вистината е дека континуитетот ги одржува резултатите. Посветеноста на редовните тренинзи со текот на времето покажува поголем ефект за разлика од кратките интензивни периоди посветени на физичка активност, по кои следи долга пауза. Во Студио 60 вежбачите ја доживуваат зимата како период за лична дисциплина, знаејќи дека редовноста е клучна за напредок.

Промените доаѓаат со времето

Навиките не се градат преку ноќ. Ако вежбаме само кога сме мотивирани, резултатите секогаш ќе останат привремени и незадоволувачки. Внесувајќи дисциплина во секоедневието, продолжуваме редовно да го движиме телото и покрај ниската мотивација и така постигнуваме трајни промени и видливи резултати.

Како да останеме дициплинирани во зимските месеци?

Редовното вежбање е здрава навика што ја поддржува добросостојбата. Во Студио 60 секогаш имате мотивација од инструкторите и заедницата. Постигнувањата се повеќе од физички изглед, пилатесот позитивно влијае на балансот меѓу телото и умот.

Поставете реални цели

Не си поставувајте недостижни цели и не го преполнувајте вашиот календар со тренинзи уште на почеток. Градењето рутина што ќе трае е поважно, а малите достигнувања постепено ќе ја зголемуваат вашата мотивација и напредок.

Направете го вежбањето ваша рутина

Изберете денови и термини што најмногу одговараат на вашите обврски и придржувајте се до планот што ќе го направите. Кога постои јасна насока, изговорите стануваат неважни. Не се обесхрабрувајте доколку се случи да не извежбате во денот што сте го избрале. Продолжете по планот.

Бидете своја поддршка

Ако сте свесни дека во одреден период од денот ви е тешко да вежбате, прилагодете го распоредот и направете го тој период пријатен. Пристапете на тренинзите како на резервирано време за себе.

Вклучете се во заедницата

Просторот на Студио 60 има мотивациска атмосфера благодарение на вежбачите кои меѓусебно се инспирираат и инструкторите што ги поддржуваат низ секој тренинг. Заедно ја создаваме енергијата што нè движи кон подобрување.

Секој тренинг е напредок

Не очекувајте големи достигнувања на кои може да се радувате. Секој тренинг на кој се појавувате вреди и заслужува признание. Разновидноста на тренинзите е она што го прави целото пилатес искуство незаменливо.

Дисциплинираноста е почит кон себе

Дисциплината не треба да ви биде товар, туку израз на љубов и посветеност кон своето тело и ум. Пилатесот придонесува за подобро здравје, зголемена енергија и смиреност во умот. Заслужувате да се чувствувате така.

Изговорите немаат вредност

Не дозволувајте временските услови да влијаат на вашите избори негативно. Зимските месеци се тест на вашата волја, а и можност да изградите цврсти навики за кои во иднина ќе си бидете благодарни.

Порака до секој

Нека оваа зима биде твојот период за дисциплинираност и одржување здраво и функционално тело. Вежбањето нека биде твоја рутина што ќе ти помага да ги надминуваш секојдневните активности, гужви и предизвици.

Тимот на Студио 60 е тука да те поддржи и инспирира. Заедно создаваме зимско искуство за личен раст и напредок.

Започни денес – со трпение и одлучност.