Skip to main content

Во светот на физичката активност, пилатесот често се ограничува како спорт резервиран за одредена популација, возраст или физичка подготвеност. Овие размислувања се далеку од вистината. Пилатесот е филозофија за движење на телото која постои повеќе од еден век. Методот е поставен на идејата за здравје и внатрешен баланс меѓу телото и умот. За да ја разбереме длабочината на овој метод, потребно е да ја запознаеме неговата историја и развој.

Контрологија и Џосеф Пилатес

Пилатесот, во својата оригинална форма наречен Контрологија, е метод создаден во првата половина на 20 век од Џозеф Пилатес. Роден во Германија во 1883 година, Пилатес уште во рано детство се борел да го зајакне своето тело и да ги надмине здраствените ограничувања со кои се соочувал преку различни физички активности. Во 1912 година, во Англија, работел како боксер и тренер за самоодбрана. За време на Првата светска војна, бил интерниран од страна на британските власти во затворот Ланкастер. Овде го развивал својот систем на вежби без опрема, изведувани на подлога, и го нарекол Контрологија. Целата идеја била зајакнување на телото преку свесно изведување на контролирани движења. Подоцна, бил интерниран во војнички камп, каде продолжил да го развива методот, учејќи ги и другите во кампот на овој метод. Тука ја развил идејата за вежбање со отпор, поставувајќи пружини на болничките кревети со цел да им овозможи на повредените пациенти да започнат со вежбање и рана рехабилитација. Во 1923 година Пилатес се преселил во САД, каде заедно со сопругата основале студио за вежбање во Њу Јорк. Студиото за кратко станало познато благодарение на познатите танчари и уметници кои го посетувале во тоа време.

Џозеф Пилатес бил иноватор кој во текот на својот живот патентирал вкупно 26 уреди и методи на вежбање. Неговите идеи и експерименти резултирале со дизајнот на реформерот, кој денес сè уште е значаен столб на пилатесот.

Починал во 1967 година, а неговото наследство и сè уште е негувано низ целиот свет. Вредноста на идејата за целосна координација меѓу телото и умот и сите принципи на кои е основан пилатесот се зачувани. Пилатесот е светски признаена дисциплина, практикувана од професионални спортисти и луѓе од сите возрасти чија цел е одржување на здравјето и функционалноста на телото.

Новите хоризонти на пилатесот: КонтрологијаНаука и Иновација

Пилатесот никогаш не престанал да еволуира благодарение на првата генерација учители, студенти на Џозеф Пилатес, познати како The Elders и компанијата Merrithew, која во своите обуки и програми интегрира научни истражувања од областа на биомеханика, физиологија и рехабилитација. Пилатесот денес е особено прилагодлив, безбеден и ефективен метод на вежбање кој одговара на различни нивоа на физичка подготвеност. Независно дали се работи за рехабилитација, превенција од повреди или надградување на спортските перформанси, пилатесот носи видливи и одржливи резултати.

Пилатесот е за сите тела, возрасти и цели

Пилатесот е инклузивен метод, прилагодлив на индивидуалните потреби и капацитети. Кај жените пилатесот помага во зајакнување на мускулите околу карличниот појас, го подобрува држењето на телото и балансирање на хормоналните промени. Кај мажите, пилатесот го поддржува зајакнувањето на мускулната координација и ја подобрува мобилноста на зглобовите. Со секое движење се развива длабокото јадро, а тоа го поддржува ‘рбетот и ги намалува хроничните болки. Пилатесот ја негува менталната концентрација и свесноста.

Денес, идејата на Џозеф Пилатес за градење функционална сила на свесен начин е препознаена ширум светот. Пилатесот не е само метод на вежбање – ова е начин на живот.

Повик до сите

Во Студио 60 веруваме дека секој може да подстигне лична трансформација преку пилатесот – независно од возраста или физичката подготвеност. Знаеме дека секое движење започнува со свесен чекор и дека пилатесот е сојузник за исполнет и здрав живот.

Со професионален и индивидуален пристап, тимот на Студио 60 ги поддржува вежбачите да ја откријат и зајакнат својата внатрешна сила.