Skip to main content
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО

ЗОНАТА НА КОНЦЕПТУАЛНО УЖИВАЊЕ!

Поради тесната поврзаност помеѓу методот на работа на Студио 60 со физиотерапевтската област, во нашите услуги имаме вклучено и простории за релаксација и опуштање.

Благосостојбата на телото започнува со движење, а завршува со опуштање. За нас исклучително важно е да овој целисходен процес биде взаемно вклучен во негата на телото, не само од аспект на уживање туку и во исклучување на сите причини кои може да предизвикаат компресија врз основа на структурата на поставеноста на целокупното мускулно ткиво. Со медицински пристап и врз основа на проценка од страна на стручно лице, Ви нудиме концептуални масажи кои значајно ќе придонесат до подобрување и одржување на здравјето на вашето тело.

Мануелните третмани вклучуваат Терапевтска масажа, Спортска масажа и Релакс масажа. Истите ги изведува физиотерапевт и по потреба се целни за одредена проблематика. Препорачуваме претходна консултација со нашето стручно лице и во заеднички договор да одредите која понуда од истакнатите е идеална за вас и вашето тело.

Резервирајте вашиот термин за Мануелните Третмани на 072/700-204