Skip to main content

Кога ќе одлучиш да започнеш со реформер пилатес, важно е да го избереш тренингот што најдобро одговара на твоите цели и потреби. Во Студио 60 имаш повеќе опции – од групни и индивидуални тренинзи до реформер основи и мат и реформер тренинзи. Ова е водич во кој се објаснети сите тренинзи со цел да ти помогнеме да ги разбереш разликите и полесно да го направиш вистинскиот избор за тебе.

Зошто е важен вистинскиот избор?

Првиот избор на тренинг ќе влијае на твојот прв впечаток за пилатесот и понатамошниот напредок. Ако си почетник и сакаш да го темелно да го разбереш пилатесот на реформер, индивидуалниот тренинг е вистинскиот избор. Ако никогаш немаш вежбано на реформер и не знаеш кој тренинг повеќе ти одговара – групен или индивидуален – тогаш реформер основи е првиот чекор. За оние кои ја сакаат инспирацијата и динамичната мотивација, групните тренинзи се вистинското место.

Тренинзи во Студио 60

Групен Тренинг на Реформер

Педесет минутен тренинг во група од максимум 6 луѓе, воден од инструктор кој посветува внимание на потребите на сите. Дизајнирани за сите нивоа на подготвеност. Простор во кој вежбачите се меѓусебна инспирација, а инструкторот е мотивација. Заедничкото вежбање на реформер е идеален начин за социјализирање и негување пријателства.
Достапни се почетнички и напредни термини за групните тренинзи. Распоредот е достапен на нашиот истаграм профил, во секое време.

Резервирај Тренинг во Група

Индивидуален тренинг

Персонализиран педесет минутен тренинг, фокусиран на твоите лични потреби и адаптиран на твојата физичка подготвеност. Индивидуалниот пристап секогаш започнува со детална постурална анализа на телото. Целта на овој тренинг е постепено и безбедно напредување преку посветен пристап.
Ако ти значи индивидуалниот пристап или имаш физички состојби што бараат особена посветеност, индивидуалниот тренинг е твојот најдобар избор.
Секој инструктор има отворени термини за индивидуални тренинзи, а постои и опција за договарање термини што најдобро одговараат на распоредот на клиентот.

Резервирај Индивидуален Тренинг

Реформер Основи

Специјален воведен тренинг за клиентот да се запознае со реформер машината и основните движења. Постуралната анализа исто така е вклучена во овој тренинг, со цел да се направи правилен следен избор, во консултација со инструкторот.

Резервирај Реформер Основи

Онлајн програми

За оние кои бараат флексибилност и можност за вежбање било каде во секое време, Студио 60 нуди онлајн пилатес програми дизајнирани од тимот на инструктори. Овие програми се направени со цел да се овозможи комплетно пилатес искуство и напредок без ограничувања. Онлајн програмите се идеален избор за оние кои сакаат водство и дополнителна поддршка додека сами бираат место и време за вежбање.

Резервирај Онлајн Програма

Како да одлучиш?

Постави ги твоите цели. Препознај ја својата физичка подготвеност и личниот стил на вежбање. Консултирај се со инструктор од тимот на Студио 60 кој ќе ти помогне да го дефинираш твојот личен план.

Ваквиот пристап ќе ти овозможи јасност во изборот.

Пилатесот како твој сојузник

Тимот на Студио 60 ќе ти помогне и поддржи во изборот на тренинг кој најмногу одговара на твоите потреби. Изборот е твој. Без разлика дали си почетник или напреден вежбач, ова е простор каде можеш да напредуваш и да ја одржуваш силата и здравјето.

Посвети време на тренинг кој ќе ти помогне во секојдневното функционирање. Следи ги нашите активности и контактирај не за насоки и подетални информации.