Добредојдовте во Reformer Studio 60.
Платформата Reformer Studio 60 Ви овозможува пристап и користење преку веб страната www.reformerstudio60.com.
Со регистрацијата за бесплатните и премиум програмите Вие се согласувате со условите за користење.
Со цел подобра информираност и транспарентност, Ви препорачуваме да ги прочитате информациите на ова страница во целост и внимателно.
Доколку при читањето произлезат одредени прашања, можете да не контактирате преку contact@reformerstudio60.com.
ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Со користењето на платформата, Корисникот ги прифаќа Условите за користење.
КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Корисникот може да регистрира и одржува само еден профил за лична употреба. Корисникот е должен да ги обновува податоците во неговиот профил. Корисникот е согласен дека Reformer Studio 60 нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе или е поврзан со корисничкиот профил. Единствено Корисникот е одговорен за одржување на безбедноста на својот профил.
Корисничкиот профил не е пренослив и не смее да се сподели или продаде на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на користење може да доведе до исклучување на профилот без претходно известување до корисникот. Исклучен или отстранет профил ги губи уплатените претплати. Корисникот го креира своето корисничко име и лозинка и исклучиво корисникот е одговорен за нивно доверливо чување и безбедност.
КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА Е-ПРОДАЖБА
Како предуслов за користење на платформата за е-продажба, Корисникот се согласува дека:
- Има најмалку 18 години;
- Користењето на платформата во секое време ќе биде во согласност со овие Услови;
- Купувањето на програми е наменето само за лична употреба на корисникот.
- Reformer Studio 60 може да ја користи е-маил адресата на Корисникот за испраќање на промотивни понуди исклучиво во контекст на услугите достапни на Reformer Studio 60.
ПЛАЌАЊА, УСЛОВИ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА
Плаќањата се вршат онлајн со платежна картичка.
Претплатите за програмите се месечни и истите се обновуваат на месечно ниво.
Односно, месечното членство подразбира обновување на членството секој месец на иста дата и час.
Додека пак 6 месечното членство, подразбира обновување на членството секои 6 месеци на иста дата и час.
Претплатите функционираат како повторливи збирки: зависно од видот на претплатата, датата на наредната наплата останува иста. Пр. Ако првпат се плати на 1 Јануари, наплатата за секој нареден месец ќе биде на истата дата, секој 1ви во месецот.
Рефундирање средства – средствата за месечна рата може да се рефундираат во рок од 7 дена од уплатата.
Го правиме ова преку два начина за рефундирање:
- Средствата ги даваме во форма на кредити/ваучер за да можеш да се искористи во идна прилика. (нема банкарски трошоци)
- Рефундираме банкарски на платежната сметка и преку овој начин има и банкарски трошок од 150-250 денари по трансакција
Рефундирање средства:
Доколку средствата се заминати од сметката, ќе им требаат 5-7 работни дена да се вратат на картичката од кадешто биле наплатени
Доколку се само резервирани, ќе бидат ослободени во рок од 24-48 часа.
УСЛОВИ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ
Регистрацијата на Reformer Studio 60 платформата може да се изврши преку дедицирани веб страници за бесплатни или премиум програми на Reformer Studio 60.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Полисата за заштита на личните податоци е објавена овде: (Линк до заштита на лични податоци)
АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА
Платформата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што се наоѓа на апликацијата е во ексклузивна сопственост на Reformer Studio 60 има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината, како и врз содржината која оригинално ја поседува платформата. Reformer Studio 60 има авторско право над фотографиите и видео материјалите кои се во нејзина сопственост.
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, модифицирање, учествување во продажба, поставување на линкови или на било кој начин користење на содржината од апликацијата, делумно или целосно без изречна писмена согласност од Reformer Studio 60 е строго забрането.
Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до водење на граѓански и/или кривични постапки.
Логото на Reformer Studio 60 е заштитена трговска марка на Reformer Studio 60. Сите права во однос на оваа марка се задржани.
ОТКАЖУВАЊЕ ОД КОРИСТЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА
Секој корисник го има правото да се откаже од користењето на платформата и програмите во неа. Во случај на откажување од програмите, секој корисник е поканет да ги сподели своите планови на contact@reformerstudio60.com
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И НАДЛЕЖНОСТ
Сите спорови кои можат да произлезат исклучиво во врска со употребата на апликацијата страните ќе се обидат да ги решат спогодбено или по пат на медијација. Во случај споровите да не можат да се решат спогодбено, надлежен суд ќе биде судот во Скопје.
За се што не е уредено со овие Услови на користење се применуваат важечките законски прописи во Република Северна Македонија.