За нас не постојат разлики и компетитивности. Ние силно ја поддржуваме желбата за учење и применување на правилни техники во текот на тренинзите. Кај нас секој тренинг е програмиран врз основа на претходно утврдена причина зошто и колку одредена вежба ќе биде практикувана или исклучена за секој клиент индивидуално. Професионалноста на секој тренер поединец е исклучително важна за добросостојбата на целокупното општество, па така за нас е есенцијална во работата со клиентите. Сметаме дека познавањето на теоретскиот дел и пресликување на истиот во пракса е многу важно и директно придонесува до професионалноста, па токму затоа она што би сакале несебично да го споделиме со секој заинтересиран иден или веќе реализиран тренер е протек на информации кои ќе Ви помогнат да научите многу повеќе за човечкото тело и да применувате техники кои професионалците веќе одамна ги користат надвор од нашата држава. Рекреативниот спорт во комбинација со научно докажана теоретска пракса доколку правилно се применува може да има многу бенефити за сите Ваши идни клиенти, а истите веднаш ќе го препознаат вашето вложување во едукации и дополнување на веќе постоечкото знаење.
ЗОШТО ДА ГИ ОДБЕРЕШ НАШИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕДУКАЦИЈА?
ШТО ПРЕТСТАВУВА ХОСТИНГ ЦЕНТАРОТ
И КОЈ ГИ ВОДИ ЕДУКАЦИИТЕ?
Нашиот Хостинг Центар е прв центар за STOTT PILATES®️ едукации во Северна Македонија. Едукациите ги организираме во удобни услови, а истите ги води странски сертифициран едукатор онлајн или со физичко присуство во нашето студио во Скопје. Со значајно олеснет пристап, без трошоци за патување и престој во друга земја, како за едукациите така и за праксата која е предвидена во STOTT PILATES®️ програмите сега имате можност да се пријавите и едуцирате кај нас. Со самото тоа што сите машини кои се предвидени во програмите ги имаме на располагање, Ви овозможуваме избор за комплетна или парцијална едукација водена под надзор на стручно лице. Доколку ова е нешто што ве интересира не двоумете се да не исконтактирате на 072/208-208.
STOTT PILATES® СЕРТИФИКАЦИСКИ СЕМИНАРИ
- INTENSIVE MAT-PLUS-IMP
- INTENSIVE REFORMER-IR
- INTENSIVE CADILLAC, CHAIR & BARRELS-ICCB
- INTENSIVE CHAIR-ICHR
- INTENSIVE BARRELS-IBRL
- ADVANCED MATWORK-AM
- ADVANCED REFORMER-AR
- ADVANCED CADILLAC-ACAD
- ADVANCED STABILITY CHAIR-ACHR
- ADVANCED BARRELS-ABRL
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ
-INJURIES AND SPECIAL POPULATIONS-ISP
Покрај STOTT PILATES®️ едукациите преку нас може да се пријавите за дополнителни работилници и едукации (Дишење, Анатомија, Биомеханика, Спречување на повреди) актуелни во текот на годината за кои може дополнително да се информирате кај нас.
