Вежби за правилно држење на телото и здрав ‘рбет.
Опис и цели на програмата:
Корективни вежби кои што ќе овозможат правилно држење на телото. Корекција на постурата и зајакнување на мускулатурата на грбот.
Од што се состои програмата?
Програмата се состои од 8 тренинзи во времетраење од 20 минути по тренинг.
Каде може да се изведуваат тренинзите и што е потребно за истите?
Тренинзите може да се изведуваат секаде каде што имате простор да го поставите телото во хоризонтална положба. Потребно е пешкир, столче и дел од слободна површина каде што ќе можете да се потпрете. Исто така пожелно е да имате и мат постилка.
За кого е наменета?
-Доколку поголемиот дел од денот го поминувате во иста позиција – седење или стоење оваа програма е идеална за вас.
-Доколку чувствувате дека имате слаба мускулатура на грбот која придонесува до неправилно држење на телото програмата ќе ви помогне да ја вратите силата и се почувствувате повторно витални во тој предел.
-Доколку сакате да имате здрав и флексибилен ‘рбет или да превенирате потенцијални деформитети оваа програма е идеална за вас.
За кого не е наменета програмата?
– За луѓе со деформитети на ‘рбетниот столб (вродени или стекнати).
-Луѓе со дегенеративни промени на ‘рбетниот столб.
*За овие луѓе е потребно да се направи персонализирана програма според нивната моментална состојба.
Предности и недостатоци на програмата
– Предности :
Можност на изведба на вежбите секаде каде што ќе имате доволен простор за истите.
Можност за изведба во било кој период од денот со менаџирање на останатите секојдневни задолженија.
Недостатоци:
Не можност за корекција при неправилна изведба на вежбите (Доколку почувствувате дека имате потреба од индивидуализиран пристап имате можност да закажете термин во нашето студио во секое време).
7.Кој се придобивките од програмата?
– Правилно држење на телото.
– Здрав и флексибилен ‘рбет, кој ќе овозможи превенција од деформитети на ‘рбетот.
– Истегнување на меките ткива (лигаменти и тетиви) и јакнење на грбната мускулатура.
За убаво чувство и подобрување на квалитетот на живот.
Интензитет на тренинзи: Почетно ниво-