Вежби за цело тело со фокус на нозете.
Инструктор: Марија Кочевска
Нозете се темелот на движењето.
Тие го носат телото секој ден – при одење, трчање, качување по скали, па дури и при стоење.
Кога нозете се силни, телото е стабилно, движењето е контролирано, а енергијата се чувствува во секој чекор.
Оваа програма е создадена со јасна цел:
да изгради силни, стабилни и функционални нозе, додека истовремено се активира и зајакнува целото тело.
Преку контролирани пилатес движења ќе ги активираш:
• бутовите
• глутеусот
• задната ложа
• листовите
но и мускулите кои ја поддржуваат нивната работа:
• стомакот
• карлицата
• долниот дел од грбот
Кога нозете работат правилно, центарот на телото се активира природно, а движењето станува стабилно, силно и елегантно.
Што добиваш со оваа програма?
✔ посилни и поцврсти нозе
✔ стабилна карлица и подобар баланс
✔ активен центар на телото
✔ подобра постура
✔ поефикасно движење во секојдневието
Секоја вежба е дизајнирана да го активира телото од центарот кон нозете, за да се создаде вистинска функционална сила.
Структура на програмата
Програмата содржи 8 тренинзи од по 25–30 минути.
Секој тренинг е внимателно структуриран и вклучува:
• активација на мускулите на нозете
• работа на глутеус и задната ложа
• стабилизација на карлицата
• контролирана работа на центарот на телото
• вежби за баланс и стабилност
Контролираните движења ти помагаат да го почувствуваш секој мускул и да ја изградиш вистинската сила од темелот на телото – нозете.
Што ти е потребно?
Минимална опрема за максимални резултати:
• тегчиња 1.5 – 3 кг
• ластик
• подлога
• Sliding дискови или пешкирче
Само малку простор и желба за движење.
Вежбај каде било
Тренинзите можеш да ги изведуваш:
• дома
• на тераса
• во хотел
• додека патуваш
• во парк или во природа
Твоите нозе можат да се зајакнат каде и да се наоѓаш.
За кого е наменета програмата?
Оваа програма е за:
• луѓе кои сакаат силни и стабилни нозе
• оние што сакаат функционална сила, а не само визуелен резултат
• лица кои сакаат подобар баланс и контрола на телото
• луѓе со динамичен распоред кои бараат краток и ефективен тренинг
Интензитет
Среден до висок — со можност постепено да се зголемува според твојот напредок.
По потреба може да се изработи и индивидуален план.