Skip to main content

ЗА СТУДИО 60

Студио 60 е прво комплетно опремено STOTT PILATES®️ студио со сите предвидени машини во сертифицираниот метод за работа со клиенти од страна на Merrithew компанијата. Во нашата палета на машини се вклучени најновите генерации на Реформери (V2Max Reformer), Кадилак (Cadillac), Столици за стабилност (Stability Chair), Барел (Ladder Barrel) вклучувајќи ги и аксесоарите кои ги прават тренинзите значително позабавни. Со ова, како и со удобниот амбиент во кој се изведуваат тренинзите, нашиот метод на работа за првпат ги поместува границите во Северна Македонија и допринесува до идеален концепт еднаков на познатите студиа за STOTT PILATES®️ во светот и со тоа Ви овозможува целосно уживање во секој тренинг.

МОЖНОСТИ ЗА ВЕЖБАЊЕ

И ОСТАНАТИ УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ СТУДИОТО

Нашите тренинзи се изведуваат индивидуално, полуиндивидуално и во мини групи до 5 особи во 1 час.

Индивидуалните тренинзи се работат на принцип еден-на-еден и во нив е вклучена бесплатна анализа на држење на тело, по чиј исход темелно се разгледува проблематиката и поставеноста на Вашето тело. Врз основа на резултатот се креира прецизна програма која етапно се изведува во часовите според динамиката потребна за постигнување на одредени резултати. Пристапот и услугата во овој тип на тренинзи се со зголемен фокус на Вашите лични потреби и очекувања.

Нашиот центар нуди и работа со лица кои се опоравуваат од одредени состојби, со претходна дозвола и препорака од доктор за работа на одредена проблематика. Во оваа услуга е вклучена и взаемна проценка од страна на физиотерапевт и синхронизирана работа на подобрување и рехабилитирање при одредена состојба од која се опоравувате (пост-оперативна активација на мускулно ткиво, етапно враќање во првобитна состојба и будење на одреден дел од телото). Овие тренинзи се индивидуални, со точно определени и изолирани вежби за работа.

Полуиндивидуалните тренинзи вклучуваат работа со две лица во еден термин. Оваа услуга е идеална за брачни партнери, пријатели. Вклучува бесплатна анализа на држење на телото на секој поединец и концептуално синхронизирани вежби за работа на потребите на двете лица истовремено во взаемен договор.

Мини групните тренинзи се работат во заеднички час до максимум 5 вежбачи. Тренинзите се изведуваат според есенцијалните и напредни STOTT PILATES®️ вежби во нивоа за почетници, активни вежбачи и напредни вежбачи. Во овој тренинг може да се вклучи секој кој сака физички да биде активен во текот на денот, а врз основа на проценка од страна на стручно лице ќе биде предложена соодветната група за Вас.

СПА услугите вклучуваат мануелни третмани како што се Терапевтска(Медицинска) масажа, Спортска и Релакс масажа. Истите ги работи медицинско лице-Физиотерапевт и по потреба се модифицираат според одредена проблематика.